СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Спасовски: За да ја искористат финансиската поддршка, работодавачите ќе треба да исполнат неколку услови

На денешната прес-конференција премиерот Оливер Спасовски ги презентираше 17 нови владини мерки.

Со пврата мерка  се предвидува финансиска поддршка за правните субјекти. Работодавачите  ќе треба да исполнат и неколку услови за оваа мерка, да не исплаќаат дивиденди на сопствениците, бонуси, годишни награди на вработените и членовите на органите на управување, да имаат 30 отсто намалување на приходите споредено со просекот од минатата година. За месецот за кој се бара финансиска поддршка просекот на делот на највисоките нето плати на 10 отсто од брјот на вработените кај работодавачот да не надминува износ од 120.000 денари месечно по вработен. Дополнително, таа не се однесува на оние вработени кои за декември 2019 година, јануари и февруари 2020 примиле нето плата повисока од 39. 900 денари.Работодавачите кои ќе добијат поддршка имаат обврска да ги задржат вработените што ги имале во моментот на аплицирање. Добиената поддршка нема да ја враќаат работдавачи кои имаат загуба во 2020 година, а за другите 50 отсто од добивката пред оданочување зголемена за оданочените расходи, обајсни, Спасовски

Владата донесе одлука да се формира солидарен Ковид 19 фонд, како посебна наменска сметка за примање донации од правни и физички лица кои ќе донираат средства, а ќе се користат за помош при справување со коронавирусот.

Одлуката за формирање на фондот е дел од новиот втор сет економски мерки за помош поради кризата со коронавирусот што ги објави денеска премиерот Оливер Спасовски со владиноот економски тим.

Спасовски  повика во фондот да донираат сите правни и физички лица на кои оваа држава им овозможила да создаваат профит.

Поврзани вести

Се намалуваат цените на горивата

Координативно тело: Во тужбата против Стопанска Банка поднесена од 430 акционери се бара надомест на штета за неисплатена дивиденда

Влатко Зорба

Порнхаб избриша речиси 80% од видеата од својот сајт

Никола Поповски