СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ССМ: 100.000 работници примаат минимална плата

Во 2011 година кога ССМ на први Мај ја започна кампањата за потребата од донесување на Закон за минималната плата, 60.000 до 70.000 работници беа на границата или зeмаа плата во висина на минималната плата. Денес, со зголемувањето на минималната плата, поради несовесните работодавачи и урамниловката која се направи поради тоа што работодавачите наместо да ги почитуваат законите и колективните договори и спирално да ги зголемуваат останатите плати, тие спротивно на закон исплаќаат плата на работници само во висина на минималната плата, иако тоа е незаконски, па така бројката на работници кои примаат минимална плата порасна на околу 100.000 работници, соопштуваат од Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ).

На работниците им е потребно зголемување на минималната плата на 60% од просечната или истата да не изнесува помалку од 16.976,00 денари, со што со две такви минимални плати би се покрила Синдикалната минимална кошничка за едно четиричлено семејство и тоа само за најнеопходните прозиводи за преживување, а не усогласување на истата.

Па оттука усогласувањето нема да биде доволно, а истото според член 4 во Службен весник на Република Македонија“ се врши во март секоја година согласно параметрите:

* една третина од порастот на просечно исплатената плата во Република Македонија
* една третина од порастот на индексот на трошоците на живот
* една третина од реалниот пораст на бруто домашниот производ, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.

Пресметките на ССМ покажуваат дека согласно Критериумите за УСОГЛАСУВАЊЕ на минималната плата во март 2021, Минималната плата треба да се усогласи за 3,17%

* 1/3 на пораст на плата
* 1/3 на пораст на трошоци на живот
* 1/3 на пораст на БДП

Вкупно 3,17 % 9,5%

Минималната нето плата сега изнесува 14 955,00 ден. зголемена е кога даночното ослободување во јануари се зголеми и мимималната плата од 14 934, 00 ден. се зголеми за 21,00 ден, а со ова усогласувањето во март 2021 год. нето минималната плата ќе порасне нето за 446 денари (15 401) или во бруто истата ќе изнесува 22 466,00 денари.

Потсетуваме дека намалувањето во минус на БДП согласно параметрите, не може да значи пораст и ги потсетуваме надлежните дека минусот на одреден параметар, како што е случајот со БДП, во никој случај неможе да значи пораст или плус на бруто домашниот производ, додаваат од ССМ.

Поврзани вести

Адора го претстави првиот градежен проект кој го реализира во Србија

Влатко Зорба

Листата на најбогати Руси има нов лидер

Stefanija Kuzmanovska

Извозот на велосипеди лани достигна скоро девет милијарди долари

Stefanija Kuzmanovska