СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ССМ: Работодавачи спречуваат работници да се вакцинираат во термините кои им се определени во работните денови

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) укажува на сериозноста на зголемениот број на пријави од работници дека несовесните работодавачи ги попречуваат да се вакцинираат во термините кои им се определени во работните денови или пак денот за имунизација на работниците им се третира како неплатено отсуство.

„Сето ова ги дестимулира работниците да се имунизираат, а со тоа се загрозува животот и здравјето на работниците, но и се попречуваат мерките на Владата за масовна имунизација на населението како единствен излез од здравствената криза и можност за постепено враќање на сите функции на општеството и државата.

Сведоци сме дека во државите во нашето окружување се воведуваат финансиски и други погодности за мотивирање на населението за имунизација, а според податоците со кои располага ССМ дел работодавачи во нашата држава ги дестимулираат работниците, а со тоа постапуваат и спротивно на мерките и активностите на Владата за сузбивање и завршување на здравствената криза.

Апелираме надлежните државни и инспекциски органи да преземат енергични мерки за санкционирање на несовесните работодавачи кои на овој начин прават повреда на законските одредби и државните стратегии и планови за имунизација на населението и излез од кризата, велат од ССМ.

Оттаму бараат Комисијата за заразни болести во најкус можен рок да препорача до Владата да се донесат соодветни протоколи за задолжително платено отсуство од работа за работниците на денот на имунизација, како и за деновите во кои работниците кои имале здравствени реакција на имунизацијата треба да бидат на платено отсуство од работа согласно мислењето на матичен лекар.

Поврзани вести

НУК ја организира втората хибридна конференција КОВИД-19 – Неформален партнер

Влатко Зорба

Маск сакал да ја продаде Тесла на Епл

Никола Поповски

Битиќи: Посветени сме на стимулирање на младите лица да создаваат подобра иднина, за себе и за државата

Влатко Зорба