СТАНДАРД life
АНАЛИЗИЕКОНОМИЈА

Започна ценовната војна на Саудиска Арабија и Русија

Цените на нафтата на светските пазари потонаа повеќе од 30 отсто, најмногу од 1991 година, бидејќи Саудиска Арабија започна со ценовна војна со Русија, драстично намалувајќи ги нејзините продажни цени и порачувајќи дека ќе го зголеми производството, пренесува „Алџезира Балканс“.

На самиот почеток на тргувањето денеска, цената на барелите на лондонскиот пазар потона за повеќе од 14 долари или 31,5 отсто, на 31,02 долари.

На американскиот пазар цената на барелите се спушти за 32 отсто, на 28 долари, пренесува Хина.

Таков остар пад на цените на „црното злато“ не е регистриран уште од јануари 1991 година, кога започна првата војна во Заливот и цените потонаа за 33 отсто.

Драстичниот пад на цената на нафтата на најниско ниво од февруари 2016 година е последица од одлуката на Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта, да ја казни Русија, вториот најголем светски производител на нафта, која во петокот не се согласи со предлогот на ОПЕК за понатамошно намалување на производството.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, предводени од Русија, долго време се придржуваа до договорот за намалување на производството за 1,7 милиони барели дневно за поддршка на цените на нафтата, кои се под притисок поради преголемо производство.

Во последните неколку недели тие беа под дополнителен притисок поради стравувањата дека ширењето на коронавирусот ќе предизвика застој во глобалната економија, а со тоа и на побарувачката за нафта.

Нов договор

Договорот меѓу ОПЕК и независните производители истекува на крајот на март, па во петокот ОПЕК предложи дополнително да се намали производството за 1,5 милиони барели на ден до крајот на оваа година, при што земјите надвор од ОПЕК би го намалиле производството за дополнителни 500.000 барели на ден.

Тоа би значело дека ОПЕК и независните производители до април ќе го намалат производството за вкупно 3,6 милиони барели на ден, или 3,6 отсто од глобалната понуда.

Но Русија не се согласи на натамошно намалување, туку побара да се остане на постојниот договор за ограничување на производството за 1,7 милиони барели на ден.

Откако ОПЕК не се согласи на тоа, рускиот министер за енергетика Александар Новак во петокот рече: „Од први април почнуваме со работа игнорирајќи ги квотите или намалувањето кои беа на сила претходно. Но, тоа не значи дека секоја држава нема да ги следи и анализира движење на пазарот “.

Поради тоа Саудиска Арабија денеска ја започна војната со намалување на своите продажни цени на нафтата, со испорака во април, за сите купувачи за шест до осум долари.

Поврзани вести

Со купување македонски производи до спас на работни места во време на кризата

msp-admin

Неуспехот на вакцинацијата во Европа навестува мрачно и тешко лето

Влатко Зорба

Како Западен Балкан може да стане голем играч на пазарот за автомобили?

Влатко Зорба