СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Бафет: Кук го нема дизајнерскиот гениј на Џобс, но има исклучително знаење

Легендарниот инвеститор Ворен Бафет во интервју за Блумберг ги пофали дипломатските вештини на директорот на „Епл“, Тим Кук и длабокото познавање на глобалните ланци на снабдување.

„Тим можеби не е во можност да дизајнира производ како Стив“, рече милијардерот и извршен директор на „Беркшир Хатавеј“, мислејќи на Стив Џобс, покојниот основач на „Епл“ и претходник на Кук како извршен директор. „Но, Тим го разбира светот до степен до кој можат да се справат многу, многу малку извршни директори што ги сретнав во последните 60 години“, додаде Бафет.

Според последните податоци, Беркшир поседува 944 милиони акции во „Епл“, што му дадоа удел од 5,6% во вредност од скоро 130 милијарди долари, според цените во понеделникот. Компанијата на Бафет е втор по големина акционер во „Епл“, а компанијата од Купертино е најголем удел во портфолиото на Беркшир.

Бафет и Кук првпат се сретнаа лично пред скоро една деценија кога Кук му се јавил на инвеститорот да го праша што да прави со слободниот капитал на „Епл“ од 100 милијарди долари. Бафет му рекол да потроши дел од тоа за да ги откупи акциите, ако ги смета за потценети, а Кук го следел неговиот совет, изјави тој за Си-Ен-Би-Си во 2019 година.

Кук во неколку наврати уживаше и во поддршката на Беркшир.

„Фактот дека го имаме најдобриот можен инвеститор на долгорочен капитал е неверојатно“, рече тој за Си-Ен-Би-Си во 2018 година.

„Исклучително сум среќен, возбуден сум затоа што Ворен е фокусиран на долг рок“, рече тој во интервју за Блумберг во 2018 година. „Ние сме во синхронизација. Ова е начинот на кој ја водиме компанијата, ова е начинот на кој инвестираме. Не можев да бидам посреќен“.

Шефот на „Епл“ исто така се восхитува на подготвеноста на Бафет да ги едуцира другите, изјави тој за „Фокс бизнис“ во 2019 година.

„Ворен за мене претставува – освен очигледната мудрост – интегритет, смиреност, достапен јазик … Не мислам дека има подобар учител“, рече тој.

Бафет, кој доби лични упатства од Кук за тоа како да го користи iPhone, постојано ги фали Apple и неговиот извршен директор.

„Тоа е неверојатен бизнис воден од колега кој е еден од најголемите менаџери на сите времиња“, изјави тој за Блумберг во 2018 година.

„Тој беше потценет некое време, но сега го гледаат каков што е реално“, посочи инвеститорот.

Поврзани вести

Вработените во Apple со бесплатен генетски тест

msp-admin

Колку коронавирусот ќе влијае на македонската економија?

msp-admin

Твитер и Фејсбук ги затегнуваат мерките против лажните информации за коронавирусот

msp-admin