20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Бензините поскапуваат за 3,5, нафтата за 1,5 денари

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 3,5 денари по литар, а цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 3,12 проценти.

Новата малопродажна цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 52 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 54 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 46,50 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе се продава по 34денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 19,123 денари по килограм.

Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ го посочуваат за околу 0,8 проценти повисокиот крурс на доларот во однос на денарот во изминатите седум дена и зголемувањето на референтните цени на бензинот во просек за околу 0,9 отсто.

Поврзани вести

Европа има 117 милијардери повеќе отколку пред пандемијата

„Бритиш петролеум“ ќе им даде на сите вработени удел во компанијата

Влатко Зорба

Смена на врвот по 6 години: Кои се најиновативните земји во светот? (инфографик)

Влатко Зорба