Џек Ма, основачот на технолошкиот гигант за електронска трговија Алибаба, го задржа статусот на најбогат кинески тајкун оваа година.
Благодарение на панемијата на коронавирус, зголемен е обемот на купувањето преку Интернет и обезбедувањето други услуги онлајн, што дополнително го зголеми богатството на овој интернет претприемач, се вели во истражувањето објавено денес.
Богатството на Ма се зголеми за 45% во текот на 2019 година на 58,8 милијарди долари, според Институтот за истражување „Хурун“, кој ги следи богатите земји.
Ма Хуатенг, основачот на „Тенсент“, која ја вклучува популарната мрежа за пораки „ВиЧе“, е на второ место со 57,4 милијарди долари, а богатството му е зголемено за 50 проценти.
На трето место е Жонг Шаншан, основач на популарната кинеска марка со флаширана вода „Нонгфу Спринг“ со 53,7 милијарди долари по неговото деби на берзата во Хонг Конг во септември.
Зголемувањето на вредноста на акциите создадоа просечно пет нови кинески претприемачи кои остварија профит од најмалку милијарда долари секоја недела во текот на минатата година, изјави основачот на Хурун, Руперт Хјуџверф.
„Светот никогаш не видел толку многу богатство создадено за само една година“, рече Хјуџверф. „Кинеските претприемачи поминаа многу подобро отколку што се очекуваше. И покрај Ковид 19, тие доживеаја рекорден скок“, додаде тој.