СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ЕУ подготвена да разговара за укинување на патентите за вакцини

Европската унија е подготвена да разговара за американскиот предлог за укинување на правата на интелектуална сопственост на вакцината против „Ковид-19“, како дел од напорите што побрзо да се реши пандемиската криза.

„Европската унија е подготвена да разговара за секој предлог за решавање на кризата на ефективен и прагматичен начин. Затоа, подготвени сме да разговараме за тоа како предлогот на САД за укинување на правата на интелектуална сопственост за вакцините против Ковид-19 може да придонесе за оваа цел“, рече фон дер Лајен во говорот во Фиренца.

Досега, Европската унија, заедно со неколку земји кои имаат силна фармацевтска индустрија, како што се Швајцарија и Велика Британија, беа против идејата за укинување на патентите за вакцините.

Јужна Африка и Индија први и предложија на Светската трговска организација укинување на патентите на вакцините, а тоа го поддржаа и голем број земји во развој.

Според Светската здравствена организација, минатиот месец се примени 700 милиони дози на вакцина ширум светот, но само 0,2 проценти од нив беше во сиромашните земји.

Фон дер Лејен посочи дека процесот на вакцинација во Европа е значително забрзан, дека 30 Европејци се вакцинираат секоја секунда и повтори дека 70 проценти од возрасната популација во Европската унија ќе бидат вакцинирани до јули.

Претседателот на Комисијата посочува дека Европа го постигнала тоа и покрај фактот дека не забранила извоз на вакцини како другите.

„Некои може да речат дека земји како САД или Велика Британија на почетокот беа побрзи, но Европа го постигна овој успех и во исто време остана отворена за светот. Додека другите го чуваат домашното производство на вакцини, Европа е голем извозник на вакцини во светот“, рече фон дер Лејен.

Поврзани вести

Huawei ќе гради 5G фабрика во Европа

msp-admin

Луѓето од овие три земји најмногу се збогатиле во 2020 година

msp-admin

5Г технологија носи иновации какви што досега немаме видено

msp-admin