СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Google и ЕУ ќе се објаснуваат на суд за улогата на компанијата во Интернет просторот

Google и ЕУ ќе се соочаат едни против други во судница за да одлучат дали компанијата е клучен Интернет иноватор или „колос на дигиталното доба“ што ја брани својата позиција со „уништување“ на конкуренцијата, напиша Блумберг.

Седум милијарди дневни пребарувања го прават американскиот гигант „почетна страница на Интернет“, изјави Николас Кан, адвокат на Европската комисија, пред судот за време на воведната седница на тридневната расправа во Судот на ЕУ во Луксембург.

Според Кан, моторот за пребарување на Google е „исклучително моќен лост за насочување на вниманието на потрошувачите кон специфични пазари каде што Google можеби ќе сака да го зголеми своето присуство. Ниту еден друг интернет-играч не е во слична позиција“.

Од единицата на Alphabet коментираа порано денес дека казната на ЕУ за 2017 година од рекордни 2,4 милијарди евра и нарачката за промена на начинот на кој резултатите од пребарувањето за шопинг од конкурентите, отишле предалеку.

Одлука како оваа една деценија порано ќе го принудeше Google да ги „напушти своите иновативни технологии и подобрен дизајн“, рече Томас Граф, адвокат на компанијата со седиште во Калифорнија.

Судската постапка во првиот случај на ЕУ против Google ја поставува основата на жалби против индивидуалните казни од страна на регулаторот во Брисел за неправедно поврзување на апликации со Android и задушување на конкурентските реклами.

Првичната одлука се очекува во наредните месеци и може да означи крај на уште една фаза во повеќедецениската антимонополска битка меѓу Google и Европската комисија. ЕК ја обвинува компанијата дека ја користи својата огромна моќ на пазарот за да ја уништи конкуренцијата кога потрошувачите бараат производи преку Интернет.

Google, од друга страна, тврди дека нејзината главна цел отсекогаш била да се обезбедат релевантни резултати за корисниците, кои се, исто така, релевантни за огласувачите.

Поврзани вести

ГТЦ со загуба од скоро 35 милиони денари

msp-admin

За 24 часа: „Волстрит“ реши да „исфрли“ кинески гиганти од берзата и потоа се откажа од својот план

Влатко Зорба

Профитот на банките намален за 751 милион денари во првиот квартал

msp-admin