СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Изградбата на „Северен тек 2“ ќе заврши во јуни

Операторот на проектот „Северен тек 2 АГ“ планира да ја заврши изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ во јуни, објави агенцијата „Блумберг“ повикувајќи се на свои извори.

„Северен тек 2 АГ“ планира да заврши со капиталната изградба на еден од двата краци во првата половина на 2021 година, и покрај санкциите на САД. Всушност, дел од цевките може да се завршат веќе во јуни, имајќи предвид дека операторот на „Северен тек 2“ ќе започне со тестирање во данските води во петок“, се вели во соопштението на агенцијата.

Според агенцијата, на тој начин работите во Данска ќе завршат до крајот на мај, потоа бродот ќе започне со поставување цевки во германските води, што ќе трае до јуни.

Во декември минатата година, бродот „Фортуна“ постави цевки на еден од двата недовршени делови на гасоводот. Изградбата на последниот дел од гасоводот, во данските води, треба да започне на 15 јануари, а се планира и таму да се користи бродот „Фортуна“.

Да потсетиме, Вашингтон наметна санкции против „Северен тек 2“ на крајот на 2019 година, по што швајцарската компанија „Олсис“ беше принудена да се откаже од учеството во поставувањето на цевки.

Во јануари, американскиот Стејт департмент ги предупреди европските компании, кои, според Вашингтон, и помагаат на Русија во изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ на ризик од воведување санкции. После тоа, данскиот весник „Политикен“ објави дека консултантската компанија „Рамбол“ мора да се откаже од учеството во завршувањето на изградбата на „Северен тек 2“ поради закана од американски санкции.

Поврзани вести

Сугарески: Граѓаните да не купуваат или резервираат авиобилети

msp-admin

Прво 5G позиционирање во затворен простор во светот -верификувано од China Mobile Suzhou и Huawei

Нафтените гиганти изгубија 90 милијарди долари за 9 месеци

msp-admin