СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ќе се гради нов автопат од Гостивар до Тетово

Оваа година започнуваме со постапка за изработка на физибилити студија за изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Тетово.

Тој, заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи остварија средба со градоначалникот на општина Тетово, Теута Арифи, на која средба се разговараше за инфраструктурни проекти во општината и регионот.

На средбата, покрај другите проекти што се реализираат во општина Тетово, министерот Бочварски потенцираше дека во програмата на ЈП за државни патишта за оваа година предвиденио е изработка на студија за изградба на нов автопат од Гостивар кон Тетово.

“Бидејќи има голем број на постоечки инфраструктурни објекти на сегашната траса на патот, предвидено е тие да бидат реконструирани. Едната варијанта која се разгледува е постоечката траса да се користи од Тетово до Гостивар, а од Гостивар до Тетово да се изгради нов пат така да ќе добиеме ново модерно решение. Предвидено е оваа година да се започне со постапка за изработка на физибилити студија и некаде следната година очекувам да започне пробивање на новата траса” изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Министерот Бочварски најави и реконструкција на две локални улици во општина Тетово.

“Во првиот тендер од Светска банка што веќе е завршен, општина Тетово аплицираше за реконструкција на две улици и тоа Гоце Делчев и Гоце Стојчевски. Договорот е потпишан со иведувачот, во овие неколку недели ќе се прават подготвителни работи и многу брзо ќе почнат со реализација. Вредноста е 22 милиони денари за двете улици”, изјави министерот Бочварски.

Оваа година во програмата на ЈП за државни патишта, продолжуваме со рехабилитација на патниот правец Тетово – Џепчиште, додаде министерот.

За општина Тетово, овие проекти се од огромно значење заради локалниот економски развој на општината.

“ Разговаравме за проекти што се многу важни за граѓаните во општинта, за урбаниситичките планови за развој на општиниата и други проекти со што веруваме дека со нивна реализација го подобрувам квалитетот на живот на нашите граѓани”, изјави Теута Арифи, градоначалник на општина Тетово.

Поврзани вести

„ЏејПи Морган“ призна дека погрешно го проценил проектот за Европската Суперлига

Влатко Зорба

Колку ќе заработи „Фајзер“ со продажба на вакцините ширум светот? Цифрата е огромна

Stefanija Kuzmanovska

Германија се задолжува 650 милијарди евра

Влатко Зорба