СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кои се петте најтргувани акции на берзата во февруари?

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид, Макпетрол, НЛБ Банка и Гранит се петте најтргувани на официјалниот пазар на Македонска берза во февруари, покажува Месечниот статистички билтен, цитиран од Бизнис инфо.

Со акциите на Комерцијална банка се направени 566 трансакции и тие зафаќаат 27,72% учество во вкупниот промет. Со 478 трансакции или 25,12% учествуваат акциите на Алкалоид, додека со акциите на Макпетрол реализирани се 378 трансакции или 18,77% удел во вкупниот промет. Со акциите на НЛБ Банка се направени 126 трансакции што претставува 6,65% од вкупниот промет на официјалниот пазар на берзата во февруари, додека со 181 трансакција или 4,44% удел заврши Гранит.

Акции со најголем пораст на официјалниот пазар на Македонска берза во февруари се: Оранжерии Хамзали Струмица (29,87%), ЗК Пелагонија Битола (14,22%), Фустеларко Борец Битола (9,09%), Хотели Метропол Охрид (7%) и Лотарија на Македонија (6%).

Од друга страна, овие акции забележаа најголем пад: Макошпед (-15,97%), Арцелормиттал Скопје ХРМ (-13,33%), Макстил Скопје (-12,62%), Гранит (10,92%) и УНИ Банка (-10,20%).

Пазарната капитализација во февруари достигна 185.414.765.578 денари или 2,42% помалку во однос на претходниот месец. Прометот на Македонска берза минатиот месец достигна 795.420.118 денари што е за 36,69% повеќе во однос на јануари. Скок од 34,49% има кај вкупниот број на трансакции (2.437), додека индексот МБИ 10 се позиционираше на 4.673,54 поени, односно 5,01% помалку во споредба со јануари

На официјалниот пазар на Македонска берза во февруари се направени вкупно 2.364 трансакции, а прометот се позиционираше на 628.644.482 денари. На редовниот пазар на берзата во февруари се реализирани 59 трансакции со вкупен промет од 3.639.381 денар. Во текот на минатиот месец направени се 10 блок трансакции, чиј промет достигна 70.658.860 денари.

Поврзани вести

Како да се МОТИВИРААТ вработените во време на криза?

Влатко Зорба

Бизнисот во Германија: „Локдаунот“ на земјата ќе донесе бран од банкроти

Влатко Зорба

Шефицата на Bet365 со најголема плата во Велика Британија – заработила 323 милиони фунти во 2019 година

msp-admin