Кварталните приходи на Twitter за прв пат надминаа 1 милијарда американски долари. Компанијата пријави 1,01 милијарди американски долари за периодот октомври-декември 2019 година, што претставува раст од 11% во однос на година порано, додека Вол Стрит очекуваше приходи од 966,7 милиони долари.
Twitter објави нето добивка за кварталот од 118,8 милиони долари, но тоа е за 53% помалку отколку во истиот квартал од 2018 година. Приходите на социјалната мрежа се зголемуваат, претежно во Соединетите држави – за 17% и на меѓународниот пазар – за 3%.
Приходот од Twitter за целата 2019 година е 3,46 милијарди американски долари, што е за 14% повеќе во однос на претходната година. Трошоците на компанијата се зголемија за 19% на 3,09 милијарди американски долари.
Twitter не објави податоци за својот број на корисници, туку наместо тоа, објави индикатор за „монетизирани месечни активни корисници“. Во четвртиот квартал, нивниот број се зголеми за 7 милиони во однос на претходниот квартал и за 26 милиони во однос на периодот октомври-декември 2018 година.