Извршниот директор на „Тесла“, Елон Маск, објави дека сега е можно да се купат возила на Тесла во САД со биткоини.
Компанијата минатиот месец објави дека инвестирала 1,5 милијарди долари во биткоин и дека наскоро ќе започне да ја прифаќа најпопуларната криптовалута во светот како начин на плаќање.
„Сега можете да ја купите „Тесла“ со биткоин“, напиша Маск на Твитер.
You can now buy a Tesla with Bitcoin
— Elon Musk (@elonmusk) March 24, 2021
Луѓето надвор од САД ќе можат да купат „Тесла“ со биткоини „подоцна оваа година“, додаде Маск, без да прецизира кои земји.
За да ја прифати исплатата, Маск рече дека „Тесла“ користи „внатрешен“ и „софтвер со отворен извор“.
Додаде дека „Тесла“ „директно управува со биткоин јазлите“. Јазли се компјутери на мрежата на биткоин кои работат на проверка на трансакции и избегнување на двојно трошење на криптовалутата.