Цените на вакцините најверојатно ќе се движат од неколку долари до околу 60 долари, а најголемиот проблем ќе биде транспортот и дистрибуцијата на овие вакцини бидејќи огромен број на луѓе треба да се вакцинираат.
АстраЗенека: неколку долари по доза
Вакцината на компанијата АстраЗенека – „вакцината Оксфорд“ – би чинела помеѓу 3 и 4 долари по доза, што е значително пониско од конкурентските вакцини и се дава во две дози. Грубо, изразено во евра, две дози од оваа вакцина би чинеле максимум околу 10 евра. Вакцината на АстраЗенека очигледно ќе има најниска цена и многу веројатно е дека таа ќе биде доминантна вакцина на овие простори, откако ќе започне купувањето и дистрибуцијата.
ГАВИ и фондацијата Бил и Мелинда Гејтс се договорија со Индискиот серумски институт, најголемиот светски производител на вакцини, да произведат 200 милиони дози вакцини лиценцирани од АстраЗенец и Новавакс.
Фајзер: 16 долари доза
Вакцината Фајзер/БиоНТек се проценува дека е малку поскапа и би чинела околу 16 долари, или 19-20 евра по доза. Бидејќи оваа вакцина се дава во две дози во рок од 28 дена, тоа значи дека оваа вакцина би чинела околу 40 евра по лице. Сепак, постои скептицизам кон оваа вакцина, не поради нејзиниот комплетно нов механизам на дејствување, кој се базира на испорака на генетски код (на информациите за РНК) за еден протеин од еден вирус, туку затоа што таа се чува на -70OC, што е логистички захтевно дури и за побогатите земји.
Новавакс: 16 долари доза
Вакцината на Новавакс против КОВИД-19 се базира на протеинска подединица, а проценетата цена на една доза на вакцината на оваа американска компанија ќе биде околу 16 долари.
Модерена: 37 долари
Проценката на цената на дозата на вакцината развиена од американската компанија Модерна беше дека таа ќе чини помеѓу 50 и 60 долари. Ова е исто така вакцина заснована на информациона РНК како вакцината на Фајзер и ваквите вакцини се поскапи за производство. Сепак, Модерна во август објави дека горната граница на цената за нивната вакцина ќе биде 37 долари по доза, што е под производната цена.
Синовак: 60 долари две дози
Кинеската вакцина од компанијата Синовак чини околу 60 долари за две дози и веќе започна да се продава, бидејќи доби дозвола како дел од програмата за одобрување во вонредни состојби.
Џонсон и Џонсон: 10 евра по доза
Очекуваната цена на вакцината на Џонсон и Џонсон, која ја развива компанија во сопственост на таа компанија – Janssen Pharmaceutical, ќе биде околу 10 евра по доза. Оваа вакцина се базира на генетски модифициран адевирусен вектор, слична на вакцината од АстраЗенека и КанСино.
Руската вакцина: 10 долари за две дози
Спутник V, вакцината на Центарот Гамалеј, според руските медиуми, ќе чини околу 10 долари за две дози.