СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Повеќе од половината од регистрираните возила во Норвешка се електрични

Во 2020 година, Норвешка стана првата земја во светот со повеќе од 50 проценти електрични автомобили од вкупниот број регистрирани возила.

Според податоците на Советот за патен сообраќај објавени денес, 54,3 проценти од регистрираните е-возила биле во Норвешка минатата година.

Во 2019 година, од вкупниот број издадени регистарски таблички во оваа скандинавска земја, 42,4 проценти биле за електрични возила.

Четирите најпродавани нови модели во Норвешка се Audi e-tron, Tesla Model 3, Volkswagen ID.3 и Nissan LEAF, сите електрични.

Норвешка планира целосно да се префрли на електрични возила до 2025 година.

Поврзани вести

Кои се следните големи ризици според визионерите на Волстрит?

Влатко Зорба

Француската економија паѓа во длабока рецесија поради короната

Влатко Зорба

ПОГОДЕН И ГУГЛ: Технолошкиот гигант го намалува буџетот, замрзнува работни места

msp-admin