СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Рекорден пад на продажбата на автомобили во Европа

Продажбата на автомобили во Европа падна за речиси една четвртина минатата година, додека пандемијата на коронавирус ја предизвика најтешката криза во историјата на оваа профитабилна индустрија.

Регистрацијата на нови автомобили опадна за 23,7 проценти во 2020 година, или три милиони возила, на вкупно 9,9 милиони автомобили, соопшти Европската асоцијација на производители на автомобили. Здружението наведува дека заклучувањата и другите ограничувања имале „невидени последици врз продажбата на автомобили низ цела Европа“.

Сите поголеми пазари забележаа двоцифрен пад, 32,3 проценти во Шпанија, 28 проценти во Италија и 25 проценти во Франција. Германија забележа поумерен пад од 19 проценти.

Продажбата во декември беше за 3,3 проценти пониска од претходната година, но резултатите од продажбата драстично варираа од пазар до пазар.

Германскиот производител на возила Фолксваген изгуби три проценти од својот удел на пазарот, додека добивка беше пријавена од ПСА Пежо и Фиат Крајслер, кои официјално започнаа нова обединета компанија во понеделникот, како и Тојота, пренесува АП.

Поврзани вести

Facebook гради директна интернет-врска помеѓу САД, Индонезија и Сингапур

Влатко Зорба

По прекинот на тестирањето на вакцината: Пад на акциите на „AstraZeneca“

msp-admin

Apple ја врати круната на пазарот на паметни телефони

Влатко Зорба