СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Волстрит падна поради најавата за зголемување на даноците, паднаа и повеќето европски берзи

Берзанските индекси на Волстрит ги загубија сите добивки од претходниот ден во вторникот, затоа што инвеститорите се загрижени за плановите на владата да ги зголеми даноците со цел да ги финансира фискалните стимулации и новите инвестиции во инфраструктурата.

„Dow Jones “ ослабе 308 поени или 0,94 проценти на 32.423 поени, S&P 500 се лизна за 0,76 проценти, на 3.910 поени, додека индексот „Nasdaq“ се лизна за 1,12 проценти, на 13.227 поени.

Падот на индексот е последица на коментарите на министерката за финансии Џенет Јелен, која на сослушувањето во Конгресот изјави дека американската економија се уште е во криза поради пандемијата на коронавирусот, како и одбраната на плановите за идни зголемувања на даноците за финансирање на неодамна прифатените фискални стимулации во вредност од 1,9 трилиони долари и нови инвестиции во инфраструктурата.

„Најавите за владините инфраструктурни планови ги вознемирија инвеститорите кои веќе се плашат дека берзата е на повисоки нивоа на проценка. Тие се плашат дека продажба на акции и пад на цените е на хоризонтот, па затоа тие почнуваат да размислуваат за повлекување од пазарот пред тоа“, вели Рик Меклир, партнер во компанијата „Cherry Lane Investments“ , пренесе Индекс.

По големиот пад на почетокот на пандемијата, „S&P 500“ и „Dow Jones“ пораснаа за околу 80% во изминатата година, додека индексот „Nasdaq“, благодарение на силниот раст на технолошкиот сектор, е двојно поголем.

Затоа инвеститорите се плашат дека акциите се преценети и дека нивните цени ќе паднат, особено што приносите на американските државни обврзници растат во последните неколку недели.

Акциите на технолошките компании се особено чувствителни на раст на приносот бидејќи нивната вредност се базира на идната заработка, па затоа стануваат се помалку привлечни како што растат приносите на обврзниците.

Во повеќето сектори, цените на акциите паднаа вчера, најмногу во енергетиката, како резултат на падот на цената на нафтата за повеќе од три проценти, бидејќи трговците стравуваат дека побарувачката за нафта ќе се опорави побавно отколку што се очекуваше поради новото затворање во Европа за борба против третиот бран на пандемии и бавни вакцинации против Ковид-19.

И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа вчера. Лондонскиот индекс FTSE падна за 0,40 проценти, на 6.699 поени, а парискиот CAC za 0,39 проценти, на 5.945 поени. Франкфуртски DAX, пак, зајакна 0,03 проценти на 14.662 поени.

Поврзани вести

Apple казнет со 10 млн. евра, бидејќи нивните телефони не биле водоотпорни

Берта Китинска

Колку луѓе ќе банкротираат од пандемијата на корона вирусот?

msp-admin

Акции што никогаш не треба да се продаваат, велат експерти

Влатко Зорба