СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Вработените во „Фејсбук“ ќе работат од дома до крајот на годината

Од Фејсбук соопштија дека работниците кои биле во можност да работат од дома, ќе можат да го сторат тоа до крајот на годината, додека пандемијата на коронавирус ги принудува владите да ги продолжат наредбите за работа од дома за да се сопре ширењето на инфекцијата.

Гигантот, исто така, очекува повеќето нејзини канцеларии да останат затворени до 6 јуни, изјави портпаролот на компанијата.

Вирусот, кој досега зарази повеќе од 3,8 милиони луѓе ширум светот, ги принуди повеќето земји да преземаат строги мерки за карантин и го смени начинот на кој работиме, со работа од дома како нова норма.

Поврзани вести

Со медијација до брзо и успешно решавање на деловните спорови

msp-admin

„Marks & Spencer“ крати 950 работни места

msp-admin

Фонд на Бил Гејтс насочува 1 милијарда долари за чиста енергија

Влатко Зорба