Платата и трошоците на првиот човек на Apple, Тим Кук, скокнаа за 28% за една година, на 14,769,259 долари. Минатата година Кук доби 11.555.466 долари плата, а првите пет директори на Apple собраа вкупно 119,8 милиони долари.
На почетокот на оваа година, Кук доби и статус на милијардер, благодарение на комбинацијата од неговата заработка и вредноста на компанијата што ја раководи.
Оваа година Apple собра рекордна заработка и покрај пандемијата на коронавирус и фактот дека беа принудени да затворат бројни продавници ширум светот, пишува „Business Insider“.
Основната плата на Кук е 3 милиони долари, плус 10,7 милиони долари стимулации. Apple потроши и повеќе од 1 милион долари за други трошоци, претежно 470.000 долари за безбедност и 430.000 $ за патни трошоци.
Интересно е што уште во 2017 година, бордот на директори на Apple ја усвои политиката дека Кук лета само со приватни авиони во име на „безбедност и ефикасност“.
Сепак, чудно е како патните трошоци на Кук скокнаа за 46 проценти за една година кога патувањето во САД беше ограничено за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Apple вели дека Кук заработил 256 пати повеќе од просечниот вработен во оваа компанија, кој заработува 57.783 долари.