СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Аналитичар на „Блумберг“: Биткоин оди на 100.000 долари до крајот на месецот

Аналитичарот на Блумберг, Мајк МекГлоун, денес смело предвиде дека биткоинот ќе се искачи на 100.000 долари до крајот на месецот.

МекГлоун инаку беше еден од ретките аналитичари кои имаа храброст да предвидат дека биткоинот ќе скокне на ниво од 50.000 американски долари.

Овој аналитичар во извештајот за март напиша дека ако е показателот затворањето на Grayscale Bitcoin Trust (GBTC) на својот највисок дисконт досега, тогаш тоа би можело да „сигнализира пораст на биткоинот до 100.000 американски долари.

Grayscale премијата, внимателно следена мерка за вредност, заврши во февруари со 2,7% попуст. МекГлоун потсети на март 2017 година, кога биткоинот потона на само 1.000 американски долари, за на крајот да се катапултира на ниво од 20.000 американски долари.

„Остриот пад на GBTC премијата често го означуваше дното за биткоинот“, напиша МекГлоун.

„Зголемената веројатност [на фондовите на кои се тргува] во САД, заснована на лансирања во Канада, прави притисок на цената на довербата, но одржување на нагорна траекторија е поверојатен исход“.

Биткоинот ослабе денес на 47.120,70 долари. GBTC се затвори за 10,31% пониско во четвртокот, на 41,40 долари.

Зошто е ова важно? Grayscale премијата е референца за разликата помеѓу вредноста на уделот на GBTC во однос на пазарната цена на уделот во него.

МекГлоун, исто така, забележа зголемена замена на златото со биткоин во портфолија, што тој го нарекува „претпазлива диверзификација“.

Поврзани вести

Bitcoin проби 41.000 долари – подемот продолжува

Влатко Зорба

Како „исчезнаа“ 190 милијарди долари од пазарот на криптовалути за само 24 часа?

Влатко Зорба

Pornhub сега ги прифаќа криптовалутите XRP, DOGE, BNB и USDC

Влатко Зорба