СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Корекцијата изгледа неизбежна за Биткоин – еве зошто!

Трејдерот, познат во индустријата како „Пентоши“, предвидува дека Биткоин (БТК) е пред опаѓање на близу 20.000 долари.

Пентоши вели дека времето на нагорни движења на в сугерира пресврт.

„Времето и растојанието на секој БТК раст стануваат сè помали. Помалку консолидација и помалку движења нагоре. Пазарите можат да бидат како нишало и ова ќе се сврти во друга насока. Теоријата останува непроменета. Ќе видиме ниски 20.000 долари“.

Аналитичарот, исто така, укажува на податоците од инвестициската компанија „Grayscale“, што покажува дека нивните управувани средства во Биткоин и Етереум се намалија малку во текот на изминатите неколку дена. „Пентоши“ вели дека податоците ја поддржуваат неговата теорија дека кралот на криптовалутите го достигнал својот врв.

„За мене, ова значи локален врв и има смисла од техничка гледна точка, користејќи фиб нивоа. Верувам дека добиваме повлекување од 15-30% пред да направиме ново ATH (All Time High)“, сподели тој.

Пентоши додава дека при тргување со БТК, целта е да се фатат повеќето големи движења на средството, а не да се предвидуваат врвовите или дното на БТК.

„Не станува збор за фаќање на дното или на врвовите на пазарот, туку 70-80% од потегот. Ништо не ми донесе повеќе пари од разбирањето [на ова]“.

На долг рок, трејдерот вели дека биковиот циклус на Биткоин сè уште не е завршен, но со доаѓањето на новата година, Пентоши верува дека алткоините имаат подобар сооднос ризик-профит.

„Во овој момент, за мене е неспорно дека алткоин има повеќе простор за пораст отколку БТК“, заврши тој.

Поврзани вести

JP Morgan објави 34 блокчејн работни места, ги засилува напорите за JPM монета

Влатко Зорба

„Revolut“ додаде единаесет криптовалути во понудата

Влатко Зорба

Етерот поскапе за 8%, достигна нов рекорд

Влатко Зорба