СТАНДАРД life
МК Сцена

Дарио & Миг 21 во живо пред скопјани !

Една од најголемите македонски поп легенди, пејачот кој ги опеа и радоста и тагата залеани со „Дупла вотка“ и со „Ракија“, после двата успешни концерти во Македонската филхармонија, Дарио & Миг 21 за првпат во живо во ноќен клуб!

Оваа сабота во ноќниот клуб PURE – Дарио & Миг 21  ќе настапат во полн состав ги изведат безвременските хитови како „Дупла вотка“, „Косоока“, „Викни ме на чај“, „Старо купувам“, „Дај да заспијам“, „Зборови погрешни“, „Ладна како камен“, „Не ми е страв“, “Какви се ова времиња“….и  најновиот „Ракија“.

Цената на билетите се 300 денари и истите се набавуваат на самата врата од ноќниот клуб.

Дарио оваа година направи успешен come back на сцената, на која опстои повеќе од 40 години, со двата успешни концерти во февруари оваа година.

Поврзани вести

Lincoln Letter го објави спотот за новата песна Skull and Bone

Urednik

Започнува регионален предизвик за бармени со парични награди од 30.000, 4.000 и 2.000 евра

Radmila Tasevska

Скопски моден фестивал обедини познати македонски и балкански дизајнери

Urednik