По турбулентните периоди во нивната бурна врска, исполнета со раскинувања, смирувања, пријавувања во полиција, јавни навреди и испади, изгледа дека Ана Николиќ и Рале не можат еден без друг.
Српската пејачка Ана Николиќ и нејзиниот емотивен партнер, композиторот Горан Ратковиќ – Рале, наводно се свршиле, судејќи според снимката што веќе наголемо се шири на социјалните мрежи. Според пишувањата на српските медиуми, Рале ја запросил Ана во куќата на Авала, во опуштена и домашна атмосфера.
Тој бил облечен најлежерно – во маица и долна облека, што дополнително го привлече вниманието на јавноста. Сцената делувала интимно и спонтано, без гламур и голема помпа, како што пренесуваат медиумите.
@saledasezna1 #ananikolic #rale #estrada #foryoupage #foryou ♬ izvorni zvuk – ✨SALE✨
Сепак, љубопитноста дополнително ја разгоре фактот што на снимката не се слуша дали Ана изговорила „да“. Засега не е познато дали свршувачката навистина е прифатена. Додека едни сметаат дека нејзината насмевка била доволен одговор, други коментираат конечниот вистински одговор останува мистерија.
Останува да се види дали ова навистина е почеток на ново поглавје во нивната љубовна приказна или станува збор за нешто сосема друго.
