СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Apple со ново ажурирање на iOS 13

Apple започна со објавување на третотo ажурирање на iOS 13 по излегувањето на финалната верија на платформата.

Тоа доаѓа со бројот 13.1.2, и поправа голем број грешки, вклучително и поврзани со визуелизирањето на напредокот на бекапот во iCloud Backup, како и со апликацијата за камера, фенерчето, лансирање кратенки преку HomePod и многу повеќе.

На овој начин, Apple продолжува да ги отстранува многуте проблеми со кои се соочиле корисниците на iOS 13.

Покрај новата верзија за iOS, Apple претстави и watchOS 6.0.1, кој вклучува подобрувања во перформансите на системот и безбедноста.

Поврзани вести

Microsoft на 13 април ќе започне со бришење на постарите верзии на Edge од Windows уредите

Влатко Зорба

Твитер тестира функција „откажи го испраќањето“

Влатко Зорба

Нови телефони на BlackBerry, со класични тастатури и 5G, пристигнуваат оваа година

Влатко Зорба