Уште на почетокот на минатата година беше објавено дека апликациите „Messenger“, „WhatsApp“ и „Instagram“ ќе бидат споени во една заедничка платформа за размена на пораки, а тоа се спроведува деновиве.
Корисниците во САД забележале дека како дел од мобилната апликација „Инстаграм“ на iOS и Android им била понудена надградба на новиот вграден систем за размена на пораки – кој значително го менува изгледот по тоа ажурирање.
По ажурирањето, четот во Instagram изгледа скоро ист како оној во Messenger, а за него се користи иконата икона на Messenger. Апликацијата, исто така, најавува дека на овој начин ќе може да се комуницира со контакти кои имаат само профил на Фејсбук, и не мора да имаат отворено профил на Инстаграм. Оние кои ја ажурираа апликацијата и се обидоа да го сторат тоа за сега известуваат дека комуникацијата од една социјална мрежа до друга сè уште не е можна, па очигледно е прашање на функционалност што ќе биде вклучена подоцна, пишува „Сибиз“.
Покрај редизајнот, Instagram ги доби и претходно познатите опции од Messenger: реакции со емотикони на пораки и одговарање на специфични пораки на начин, што е исто така достапен и во WhatsApp.