СТАНДАРД life
Здравје

Која храна се смета за најдобра за луѓето со висок холестерол?

НЕКОИ намирници, вклучувајќи мешунки и јаткасти плодови, можат да помогнат во намалувањето на холестеролот. Како што пренесува Healthline, срцевите заболувања се водечка причина за смрт во светот. Високото ниво на холестерол, особено „лошиот“ ЛДЛ, е поврзано со зголемен ризик од срцеви заболувања.

Диететичарите нагласуваат дека нашата исхрана силно влијае на холестеролот и другите фактори на ризик за болести на срцето и крвните садови.

Еве која храна може да го намали нивото на холестерол во крвта:

Мешунките

Мешунките се група на растителна храна која вклучува грав, грашок и леќа. Тие содржат многу влакна, минерали и протеини, а замената на рафинираните житарки и преработеното месо во нашата исхрана со мешунки може да го намали ризикот од срцеви заболувања. Исто така, студијата покажа дека редовното консумирање на овие намирници го намалува холестеролот во крвта. Други студии ги поврзуваат мешунките со губење на тежината.

Авокадо

Авокадото е богат извор на незаситени масти и влакна, две хранливи материи кои помагаат да се намали лошиот холестерол и да се зголеми добриот холестерол. Така, едно големо истражување покажа дека само едно авокадо дневно е докажано дека го намалува нивото на холестерол во крвта.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се уште една храна која е исклучително богата со хранливи материи. Тие имаат многу висок процент на незаситени масти и исто така се богати со омега-3 масни киселини, кои се поврзани со здравјето на срцето. Бадемите и другите јаткасти плодови се особено богати со Л-аргинин, амино киселина која му помага на нашето тело да произведува азотен оксид, кој пак помага во регулирање на крвниот притисок и холестеролот.

Поврзани вести

Ако ја јадеме оваа храна секој ден, можеме да го намалиме ризикот од „тивкиот убиец“

Urednik

СЕЗОНСКИ АЛЕРГИИ: Справување со летен полен и ризик од анафилактичен шок

Urednik

Нутриционист открива четири зачини кои можат да ни помогнат доколку сме настинати

Radmila Tasevska