СТАНДАРД life
Фото: Wikimedia Commons
Здравје

Лук или ѓумбир? Што е подобро за имунитетот кога ќе ве фати настинка?

На почетокот на настинката, многу луѓе се свртуваат кон природни решенија. Две намирници кои со векови се сметаат за сојузници на здравјето се лукот и ѓумбирот. И двете се познати по својот силен вкус и корисен ефект врз имунолошкиот систем, но дали едната е навистина поефикасна од другата?

Хранливи разлики

Лукот и ѓумбирот содржат малку калории, но се богати со биоактивни растителни соединенија, пишува „Превенција“ (Prevention). Најважната состојка во лукот е алицинот, сулфурно соединение кое се ослободува кога чешнето се згмечува или сечка и е познато по своите антибактериски и антивирусни ефекти. Клучната состојка во ѓумбирот е џинџерол, одговорен за неговите антивоспалителни и антиоксидантни својства.

Како лукот го зајакнува имунитетот?

Истражувањата покажуваат дека лукот може да ја стимулира активноста на белите крвни клетки, кои играат клучна улога во борбата против вирусите. Исто така, има докази дека редовната консумација може да ги ублажи симптомите на настинка и да го скрати нејзиното траење.

Како делува ѓумбирот?

Ѓумбирот помага во намалувањето на воспалението и е познато дека ги ублажува гадењето и стомачните тегоби, што индиректно придонесува за појак имунитет. Топлиот чај од ѓумбир често се препорачува кога не се чувствуваме добро, бидејќи го загрева, хидрира и смирува телото.

На што треба да обрнете внимание?

Лукот може да предизвика непријатен здив и стомачни тегоби, особено ако се јаде сиров и во големи количини. Ѓумбирот во поголеми дози може да предизвика киселини или непријатност во стомакот. Двете намирници имаат благ ефект врз разредувањето на крвта, па затоа се препорачува претпазливост кај луѓето што користат одредени терапии.

Не мора да избирате помеѓу лук и ѓумбир, бидејќи најдобриот ефект се постигнува со нивната комбинација. Лукот директно ги зајакнува одбранбените клетки, додека ѓумбирот ги намалува воспаленијата во телото и создава поволни услови за силен имунолошки одговор. Со вклучување на двете намирници во исхраната, телото добива поширока и природна поддршка за имунитет.

Поврзани вести

ИМА ПОВЕЌЕ ОД 200 ВИДОВИ ГЛАВОБОЛКИ: Шест сигурни знаци дека страдате од мигрена

Urednik

Сакате да изгубите тежина? Ова е најдобриот избор за појадок

Radmila Tasevska

Нутриционист открива четири зачини кои можат да ни помогнат доколку сме настинати

Radmila Tasevska