СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Високото ниво на девизните резерви ѝ овозможи на Народната банка да реагира навремено и смело за време на пандемијата

„Високото ниво на девизните резерви акумулирани во периодот пред пандемијата ѝ овозможи на Народната банка да реагира навремено и смело преку намалување на основната каматна стапка, вбризгување на дополнителна ликвидност во системот и релаксирање на банкарската регулатива. Ова доведе до солидна кредитна поддршка на компаниите и домаќинствата, којашто впрочем и забрза во споредба со минатата година, како и натамошно намалување на каматните стапки до историски најниски нивоа.”

Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на еден од водечките традиционални финансиски настани ‒ Форумот на Централна и Источна Европа, организиран од „Еуромани”, на панел-сесијата на која учествуваа неколку гувернери од Централна и Југоисточна Европа (ЦИЕ).

Во овој контекст, таа исто така истакна дека за водењето релаксирана монетарна политика придонесува и репо-линијата во вредност од 400 милиони евра, којашто на барање на Народната банка за првпат ја одобри Европската централна банка. Ваквиот инструмент е особено важен бидејќи овозможува брз пристап до девизна ликвидност, а во услови на висока неизвесност и на евентуални можни поголеми нарушувања на меѓународните пазари заради шокот од ковид-19.

Поврзани вести

Бочварски: Преку јавна дебата започнуваме да креираме нов Закон за градење

Влатко Зорба

Ваучери за домашен туризам и во 2021 година

Влатко Зорба

Арсовска: Поддршката за исплатата на платите навистина даде добри резултати

Влатко Зорба