СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Средната класа се намалила за 90 милиони луѓе

Средната класа на глобално ниво опадна за прв пат од 90-тите години на минатиот век, поради пандемијата на коронавирус, додека скоро две третини од домаќинствата во економиите во развој објавија загуба на приходот, според студијата на истражувачкиот центар PEW на Светска банка.

Студијата посочува дека рангот на глобалната средна класа – оние што заработуваат од 10 до 50 американски долари на ден – минатата година паднал за 90 милиони луѓе, на скоро 2,5 милијарди.

Тоа влијаеше на бројот на сиромашни или на оние кои живеат со нешто помалку од два долари на ден за 131 милиони, проценува PEW.

Како што е истакнато, никогаш порано во историјата не бил забележан ваков пад на приходите на глобално ниво, бидејќи се проценува дека 62 милиони луѓе со високи примања, или оние кои заработуваат 50 или повеќе долари на ден, паднале во средна класа, што е резултат на пандемија.

Сите овие податоци, како што е нагласено, го покажуваат и крајот на моделот според кој глобалната средна класа постојано се шири од крајот на 90-тите, благодарение на брзиот раст на големите економии како Кина и Индија.

Според студијата од 2001 година на PEW институтот, средната класа сочинува 13 проценти од глобалното население. До 2019 година, таа порасна на скоро 18 проценти, со просечен раст од 50 милиони луѓе годишно кои се приклучија на рангот на среден приход во последната деценија.

Според друга студија на Светска банка, во која биле опфатени 47.000 домаќинства во 34 земји во развој, со вкупно население од скоро 1,5 милијарди луѓе, утврдено е дека 36 проценти од домаќинствата изгубиле работа минатата година, додека речиси две третини од нивниот приход се намалил.

Резултатот е првото зголемување на глобалната сиромаштија од азиската финансиска криза во периодот 1997-1998 година.

Според Светска банка, од септември 2020 година, напредните економии потрошиле просечно 7,4 проценти од БДП за спасување на работни места и компании погодени од пандемијата, во споредба со пазарите во развој кои трошеле 3,8 проценти од БДП и земјите со ниски приходи, кои потрошиле 2,4 проценти

Светска банка очекува светската сиромаштија да се зголеми и оваа година. Проценката на Светска банка покажува дека дури 124 милиони луѓе паднале под границата на екстремната сиромаштија во 2020 година. Оваа година се предвидува бројот на сиромашни да се искачи на 163 милиони.

Поврзани вести

Sony не може да ја покрие побарувачката на нејзините сензори за камера

msp-admin

Повеќе од 130 земји се согласија за глобална даночна реформа

msp-admin

Компании кои работат во Србија изнеле милијарда евра во оф-шор зоните

Влатко Зорба