СТАНДАРД life
АНАЛИЗИ

Како Западен Балкан може да стане голем играч на пазарот за автомобили?

Автомобилската индустрија во Европа е сериозно погодена од кризата, но сепак може да биде можност за автомобилски компании да растат на пазарите во развој, вклучувајќи ги земјите од Западен Балкан, Украина, Магреб, Египет и Турција, се вели во анализата на Меѓународната Финансиска корпорација (ИФЦ).

Промените на пазарот за автомобили и регионализацијата на глобалните синџири на вредности се шанса за Западен Балкан, со тоа што некои земји од регионот веќе се во можност да привлечат странски директни инвестиции во автомобилскиот сектор, велат експертите на МФЦ, Емануел Поликуен и Магдалена Шоjакова.

Тие исто така посочуваат дека Србија и Северна Македонија се пример за земји во кои големите странски компании, како што се Бош, ЗФ Груп, Минт Аутомотив Европа, Џонсон Контролс, Џонсон Мети, направија значителни инвестиции во производството на автомобилски компоненти.

Близината до пазарите на ЕУ, знаењето и вештините за работна сила и индустриските производствени капацитети им обезбедуваат на земјите од Западен Балкан конкурентска предност во однос на другите региони, посочуваат експертите од МФЦ, додавајќи дека овие земји исто така ги прилагодуваат своите стратегии на промените што ги носи електрификацијата во автомобилската индустрија.

На пример, според МФЦ, Владата на Србија подготвува национална стратегија за развој и употреба на електрични возила, а новиот Европски зелен договор ќе обезбеди фонд од една милијарда евра за финансирање на одржлив развој. Земјите-членки треба да инвестираат околу 2,9 милијарди евра во следните години за да го финансираат развојот на синџирот на вредности на батериите, а се очекува да бидат мобилизирани дополнителни девет милијарди евра приватни инвестиции.

Производството на батерии сè повеќе се лансира во непосредна близина на областите каде се очекува пораст на побарувачката за овие производи.

Според предвидувањата, најголеми корисници на литиумски батерии во следната деценија ќе бидат пазарите во земјите на ЕУ, што е единствена можност Србија да ги искористи своите резерви на литиум и понатаму да ја насочи индустријата кон производство на компоненти на батерии и други компоненти поврзани со електрификација на автомобилите.

Член на групата на Светска банка – МФЦ објаснува дека во годините што доаѓаат, автомобилската индустрија во Европа е сериозно погодена од голем број фактори, од појавата на пандемијата на коронавирусот, преку мрачните облаци на „Брегзит“, до растечките глобални трговски тензии.

Исто така, на европскиот пазар традиционално доминираат производители на автомобили од Западна Европа, меѓу кои главни играчи се германскиот БМВ, американскиот Форд и јапонскиот Нисан со производство во Велика Британија.

Во економиите во развој, добавувачите кои главно произведуваат делови за автомобили и делови со помала вредност за производители на оригинална опрема (ОЕМ) честопати се принудени да вложат максимални напори да преминат во категоријата производители на делови за поголема вредност.

„Тие сега имаат добра можност да го постигнат ова или да земат поголем удел на пазарот или да опфатат поширок спектар на производи. За да го сторат тоа, ќе им треба квалификувана работна сила, знаење, стратегија што ќе дава брзи резултати и финансиски или техничка поддршка“, наведено во анализата на МФЦ.

Кризата предизвикана од пандемијата Ковид 19 има значително влијание врз производителите на автомобили ширум светот.

Се проценува дека во 2020 година, во Европа се продадени околу 16,2 милиони лесни комерцијални возила, што е намалување за 20,8 проценти во споредба со 2019 година.

Според податоците на компанијата „LMC Automotive“, која се занимава со проекции и сервисирање на информации за продажба на автомобили во глобални рамки, во 2021 година, кога земјите ќе ги вакцинираат и отворат своите економии, се очекува делумно закрепнување на пазарот. Аналитичарите предвидуваат зголемување на продажбата на возила во Европа за повеќе од 13 проценти во споредба со 2020 година и сметаат дека нивото од пред 2019 година нема да се врати пред 2023 или 2024 година.

Постои можност и продажбата на нови автомобили да скокне, бидејќи луѓето ќе сакаат да се вратат во сопствениот транспорт по пандемијата, а владите ќе видат потенцијал за нови пакети мерки за поддршка на економијата и автомобилската индустрија, соопшти МФЦ.

Меѓу другото, претстојната регионализација на глобалните синџири на вредности и промените во моделите на потрошувачка кои поттикнуваат зголемување на локалното или регионалното снабдување отвораат нови можности за производителите на автомобили и оригинална опрема (ОЕМ) на пазарите во развој.

Поради големите трошоци, развиените земји можат да се откажат од преместување на производствените линии, што им користи на производителите на пазарите во развој, чија предност е што се наоѓаат во непосредна близина, а според трошоците се поповолни од производителите од западноевропските земји

Но, потребна им е флексибилност, технички вештини и „слаб“ концепт на производство – производна култура во која сите вработени бараат начини да ги подобрат процесите за да можат да се натпреваруваат со своите западноевропски конкуренти, истакнуваат експертите од МФЦ.

Исто така, дека може да биде корисно за нив да ја најдат својата ниша на пазарот и да ја диверзифицираат својата понуда.

Друг фактор што придонесува за промени во автомобилскиот сектор е зголемувањето на електрификацијата и продажбата на хибридни и чисто електрични возила.

Интегрирањето на електрификацијата во постојните производни линии ќе им помогне на производителите на автомобилски делови од овие економии во развој да останат конкурентни на пазарот и да се движат во синџирот на вредност кон оние со додадена вредност. И зголемената побарувачка за електрични возила ќе создаде можности за раст.

Покрај машинските инженери, потребни се и инженери со искуство во специјализирани области за дизајнирање и производство на електрични возила, а компаниите кои сакаат да привлечат и задржат талентирани професионалци мора да бидат подготвени да им понудат плати што не заостануваат зад своите колеги во Западна Европа .

МФЦ спроведува проект за поддршка на синџири на вредности во производствениот сектор на Западен Балкан, чија цел е да го поттикне развојот и интеграцијата на локалните синџири на вредности во глобалните трендови.

Очекуваниот резултат на проектот е поголема поврзаност на локалните компании со клиенти и странски директни инвестиции во Западен Балкан и еврозоната преку дигитална платформа за мрежно деловно работење, што треба да резултира во подобра поврзаност со потенцијалните клиенти во регионот.

Според МФЦ, потребно е да се зајакнат капацитетите на локалните производители за соработка со клиенти и привлекување странски директни инвестиции преку иницијативи од приватниот и јавниот сектор со цел проширување на понудата надвор од регионот.

За да се постигне ова, потребно е да се подобри деловното опкружување со посебен фокус на прашања како што се пристапот до финансии за малите и средни претпријатија, заклучуваат експертите на ИФЦ.

Поврзани вести

Одлуката на Твитер да забрани политичко рекламирање ги подели политичките табори

msp-admin

„Богатите земји складираат вакцини, тоа е неприфатливо“

Влатко Зорба

Големата разлика меѓу богатите и сиромашните во Кина претставува закана за идниот раст

Влатко Зорба