СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Берзата во Загреб го зголеми сопственичкиот удел во Македонската берза

Финансискиот регулатор на С.Македонија одобри зголемување на уделот на Загребската берза од 5,3 на 15,19 проценти, со стекнување на 276 акции на Македонската берза.

Загребската берза продолжува да се шири и на другите регионални пазари. Според ЗСЕ, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија донела одлука за натамошна аквизиција на акции на Македонска берза.

Откако Загребската берза се здоби со 5,3% сопственички удел на македонскиот пазар на капитал на крајот на 2019 година, регулаторот таму позитивно ја оцени деталната документација доставена од Загреб и се согласи на понатамошно стекнување акции чиј вкупен кумулативен износ не надминува 20 проценти од вкупно издадени акции со право на глас, пишува Пословни дневник.

Така, берзата во Загреб има намера да го зголеми сопственичкиот удел во Македонската берза од 5,3 на 15,19 проценти со стекнување на 276 акции, или 9,89 проценти од акциите на Македонската берза.

Двете берзи соработуваат многу успешно долги години на размена на знаења и искуства, и интензивно од 2014 година, кога заедно со Бугарската берза е втемелена компанијата SEE Link d.o.o. Скопје, во која три берзи делат еднакви сопственички удели. Соработката дополнително се интензивираше во 2019 година, кога Македонската берза потпиша ексклузивен договор за соработка со хрватската компанија Funderbeam South-East Europe d.o.o. (Funderbeam SEE), во која берзата во Загреб д.д. има третина сопственост и е дел од естонската фондација Funderbeam, која управува со платформа за финансирање стартапи.

Партнерството со Македонската берза на ова поле е едукативно и промотивно, со цел да им се презентираат на локалните компании можности за собирање капитал преку оваа иновативна платформа со цел понатамошен развој на бизнисот и созревање до фазата на потенцијално котирање на берзата.

На почетокот на овој месец, двете берзи потпишаа договор за соработка во областа на едукативните услуги што ќе им ги обезбедува на учесниците од Македонија академијата на Загребската берза, а компаниите котирани на Македонската берза учествуваат на конференции за инвестиции организирани од Загребската берза.

„Нашите два пазари се многу блиски. Консолидацијата е природен развој на патот не само за помалите, туку и за глобалните, големи пазари на капитал. Долги години успешно соработуваме со нашите колеги од Македонија и нашата намера е понатаму да ја продлабочуваме оваа соработка до взаемно задоволство и придобивка на обете економии“, рече Ивана Гачиќ, претседател на Управниот одбор на Загребската берза.

Поврзани вести

МОТ: Пандемијата не само што го уништува вработувањето го попречува и образованието на младите

„Блумберг“: Светот на работ на голема „гасна војна“

Stefanija Kuzmanovska

Купувањето од нелегални „Фејсбук“ и „Инстаграм“ продавници е неможност за заштита на правата на потрошувачите