Го поддржав предлогот на ССМ парите да одат директно на сметките на работниците. 61% од работодавачите се за да продолжи мерката за субвенционирање. Од истражувањата само 10% од работодавачите отпуштиле работници во последниот квартал, вели Ангел Димитров, од Организација на работодавачи во Студио 10 на ТВ24.
Димитров смета дека со оваа помош повеќето од работодавачите се присилени да ги држат работниците на работа, но како што вели тој кога таа ќе се укине доколку фирмата не остварува приходи, тогаш први од работа би се отпуштиле работниците чии договори набргу истекуваат.
На истата тема свој став има и првиот човек на ССМ.
-Дел од работодавачите при Ковид 19 ги оставија работниците на улица, тоа многу не разочара. Со владата ги разгледавме мерките за помош, една од мерките за помош беше субвенционирање на плати. Таа треба да продолжи, но субвенциите треба да легнат на сметка на работниците, вели Дарко Димовски, претседател на ССМ.