СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Европа испраќа 530 милиони евра, поддршка ќе добијат и земјите кандидати, но не и Македонија

Европската комисија (ЕК) предложи пакет од скоро 530 милиони евра дополнителна финансиска поддршка во рамките на Фондот за солидарност на ЕУ.

Помошта е наменета за 17 земји-членки, но и за Црна Гора, Србија и Албанија и со цел да се заштити јавното здравје во борбата против коронавирусот.

Комисијата наведува дека овие средства ќе го поддржат делот на јавната потрошувачка поврзана со медицинска и лична заштитна опрема, итна поддршка на населението и мерки за спречување, следење и контрола на ширењето на болеста.

Пакетот помош, исто така, вклучува 132,7 милиони евра авансно плаќање што веќе ги добиле Германија, Ирска, Грција, Шпанија, Хрватска, Унгарија и Португалија.

Предлогот на ЕК треба да биде одобрен од Европскиот парламент и Советот на ЕУ за да може да им се исплати финансиска помош на земјите кандидати.

Поврзани вести

Имаме едни од најдобрите економски резултати во Европа во време на пандемија, тврди премиерот

Влатко Зорба

Намалена затезна и казнена камата ќе се плаќа и 60 дена по вонредната состојба

Машина на „Брако“ чистеше пред Белата куќа

Влатко Зорба