СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Испитувањето на вакцината против корона ја зголеми цената на нафтата

Цените на нафтата денеска скокнаа на највисоко ниво од март „на крилјата“ на позитивните вести за клинички испитувања на вакцината против вирусот Ковид-19 и договорот на лидерите на Европската унија за фондот за економско закрепнување од последиците од корона кризата.

Северноморската нафта „брент“ се зголеми за 1,27 долари на 44,55 долари по барел на тргување во Лондон околу пладне, што е најголем дневен скок од средината на јуни, од околу 2,9 проценти, пренесува Ројтерс.

Американската WTI нафта зајакната за 1,16 долари, достигнувајќи ниво од 41,97 долари за барел, истовремено забележајќи најголем пораст на дневна основа овој месец, од околу 2,8 проценти.

За порастот на цената на „црното злато“ придонесе договорот на лидерите на Европската унија за фонд вреден 750 милијарди евра (859 милијарди долари) за стимулирање на закрепнувањето на економијата погодена од кризата, што ги подобрува изгледите за раст на побарувачката за гориво.

Што се однесува до движењата на другите пазари на капитал, акциите на светските берзи и еврото исто така ги достигнаа своите највисоки нивоа во последните неколку месеци.

Договорот на европските лидери ѝ овозможува на Европската комисија да собере милијарди евра на пазарите на капитал во име на сите 27 земји-членки, што е невиден чин на солидарност во скоро седумдецениската историја на европските интеграции, пренесува Ројтерс.

Цените на нафтата беа поддржани и од вчерашните ветувачки податоци за тестирањето на вакцината против коронавирусот, кои предизвикаа оптимизам дека вакцината може да се произведува дури и оваа година.

Поврзани вести

ТАВ бележат 71 отсто помалку патници во однос на 2019 година

Влатко Зорба

МФ: Поголема финансиска писменост – подобри финансиски одлуки и економски развој

Влатко Зорба

Сојузот на стопански комори издава меѓународниот сертификат „Safety Travel Stamp“

Влатко Зорба