СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Хербалајф“ треба да плати 123 милиони долари поради мито

„Хербалајф“, компанија што продава и пласира додатоци за храна, ќе мора да плати казна од 123,1 милиони долари за давање мито на кинески медиуми и владини службеници со цел да ја промовира продажбата во Кина.

По три години, компанијата постигна договор со обвинителството да признае кршење на Законот за коруптивни практики во странство, со што се спречуваат неколку форми на мито во соработка со странски земји.

Американските власти тврдат дека „Хербалајф“ планирал и поткупил кинески официјални лица во периодот од 2007 до 2016 година, пренесува Танјуг.

Ги поткупувале со пари, разни форми на забава, оброци и патувања.

Главните цели на митото биле да се добијат лиценци за продажба, да се намали владината контрола врз компанијата и да се потиснат негативните вести од државните медиуми.

Кина сочинува 19 проценти од приходите на „Хербалајф“, кои имаа продажба во вредност од 4,49 милијарди долари во 2016 година, што претставува зголемување за седум проценти од 2006 година.

Поврзани вести

„Дизни“ отпушта уште 4.000 работници поради пандемијата

msp-admin

Мајкрософт ги поддржа европските медиуми против технолошките гиганти

Влатко Зорба

„НУС ПОЈАВА“ на пандемијата – 114 милиони ОТКАЗИ

Влатко Зорба