СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

iPhone 5G ќе биде претставен на 15 септември

Претставувањето на iPhone 12, првиот паметен телефон на Apple со 5G технологија, се очекува на 15 септември, според, како и секогаш, мистериозното соопштение на оваа калифорниска компанија и гласините меѓу експертите.

„Настан на Apple, придружете ни се! Директно од „Apple Park“, на 15 септември во 10 часот (17 часот по Гринич)“, се наведува на веб-страницата на технолошкиот гигант.

Apple, во согласност со својата маркетинг стратегија заснована на неизвесност, не откри ништо повеќе, но компанијата ги претставува своите нови модели на есен со години. Аналитичарот Ивс де Ведбуш напиша дека Apple и неговите азиски добавувачи очекуваат поголема побарувачка за големиот модел од 17 сантиметри, што сугерира дека „iPhone 12“ ќе биде телефонот на деценијата.

Според тој аналитичар, американската компанија може да продаде повеќе од 75 милиони телефони. Тој процени дека повеќе од една третина од 950 милиони ајфони што се користат во светот, или 350 милиони единици, можат да бидат заменети со нов модел во следните месеци.

Клучниот аргумент ќе биде можноста за користење на ултра-брзи 5G врски, во време кога оваа нова генерација мобилни телефони веќе се нуди во Јужна Кореја и Кина. Двајца лидери во секторот, јужнокорејскиот Samsung и кинескиот Huawei веќе испорачаа повеќе 5G модели.

И покрај трговската и политичката тензија со САД, Де Ведбуш проценува дека кинескиот пазар е сè уште клучен за Apple и дека може да се очекува скок на побарувачката во Индија.

„iPhone 12 претставува нов циклус за компанијата на (Тим) Кук, најзначајниот од iPhone 6 во 2014 година. Тој ќе отвори ново поглавје во растот на Apple и покрај тоа што денешните можности се помалку поволни за потрошувачка“, рече аналитичарот.

Поврзани вести

Фолксваген бара милијарда евра од поранешниот генерален директор

Влатко Зорба

PayPal воведува плаќање со криптовалути

msp-admin

Битиќи: Регулаторната комисија за енергетика одлучува за цената на струјата

Влатко Зорба