Компании и пазар

Коронавирусот ги открива ограничувањата на вештачката интелигенција во здравството

Технолошките и здравствени компании се натпреваруваат за пуштање на нови алатки за тестирање и третман на епидемијата на коронавирус ширум светот, пренесува Вол Стрит Журнал.

Еден од секторите, што се истакнува, е тој на креаторите на алатки за вештачка интелигенција, кои се повеќе ги поддржуваат компаниите, здравствените системи и владите како замена за посети на лекари.

Во теорија, алатките, како што се здравствените чат ботови, звучат како очигледно краткорочно решение – тие можат да се користат за да се процени дали некој има КОВИД-19, така што заразените луѓе остануваат подалеку од преполните медицински канцеларии или простории за итни случаи, каде што можат да го шират.

Овие алатки се различни во нивниот степен на развој. Некои користат релативно едноставен процес за да даваат совети преку Интернет за основни здравствени проблеми. Други услуги тврдат дека користат понапредни технологии, како што се машински-базирани алгоритми, кои можат попрецизно да дијагностицираат проблеми.

Но, некои дигитални компании за здравствена заштита велат дека се внимателни во ажурирањето на нивните алгоритми за да вклучат прашања во врска со новиот коронавирус. Нивното двоумење го потенцира и фактот дека малку се знае за ширењето на КОВИД-19 и за поголемите ограничувања на здравствените технологии, што се рекламираат како вештачка интелигенција, пред новите болести што брзо се шират.

Некои компании тврдат дека немаат доволно податоци за новиот коронавирус за да ги вклучат во нивните производи. Апликацијата со седиште во Лондон за проверка на симптоми Your.MD неодамна додаде копче „проверка на коронавирус“ што води до низа прашања во врска со симптомите. Но, тоа е засновано на едноставно дрво за решенија. Компанијата тврди дека нема да додаде понапредна технологија, а нејзината основна технологија е машинска-обука.

„Решивме да не го правиме тоа со вештачка интелигенција затоа што го немаме научното знаење што ни е потребно“, рече Моурин Бејкер, главен медицински директор на Your.MD. Според неа, потребни се 6 до 12 месеци пред потребната научна литература да биде подготвена и алгоритмите да бидат обучени.

Системите со вештачка интелигенција, базирани на машинско учење, кои се прилагодуваат врз основа на новите податоци што ги добиваат, тешко ќе го откријат новиот вирус, рече Хју Харви, поранешен радиолог и ко-основач на Hardian, дигитален консултант за здравствена заштита. Овие системи „имаат потреба од точни податоци за обука“, рече тој.

Вештачката интелигенција ќе ја одигра својата улога во здравството, рече Кит Гримс, директор за клиничка иновација во Babylon Healthcare Services.

„Во ваква ситуација, алатките сè уште не се подготвени“, додава тој.

Поврзани вести

Орка Холдинг и Аџибадем Систина издвоија 325.000 евра за справување со коронавирусот

Влатко Зорба

VW ќе го трансформира овој е-ѕвер од концепт во масовно производство за само 2 години

Влатко Зорба

„Мајкрософт“ добива конкуренција: „Оракл“ во игра за купување на „ТикТок“

Влатко Зорба

Повеќе од 100.000 картички се во оптек и со нив се купуваат македонски производи

Влатко Зорба

„Боинг“ во криза, продолжува да го намалува бројот на вработените ширум светот

„МојДДВ“ во вториот квартал: Кај граѓаните се враќаат 5 милиони евра

Влатко Зорба