Компании и пазар

Маск: Наскоро тестирање на супербрзиот „Старлинк“ интернет

Елон Маск, основач и извршен директор на „Спејс Х“, откри детали за тоа кога може да се очекува супербрзиот сателитски интернет „Старлинк“ да пристигне на Земјата од „coѕвездието“ сателити. Во оваа прилика беше можно да се дознае дека граѓаните можат да очекуваат сателитски интернет уште во 2020 година.

Најавено е дека приватното бета тестирање ќе започне за околу три месеци, додека јавното бета тестирање треба да започне три месеци после тоа. Претходно можеше да се чуе дека „Старлинк“ треба да стане достапен во Канада и Северна Америка до крајот на 2020 година и дека ќе стигне до другите делови на светот до 2021 година.

Кон крајот на минатата година, Маск објави твит во кој се тврди дека ја користел сателитската врска „Старлинк“, а компанијата оттогаш лансираше уште шест серии од 60 мали сателити кои орбитираат во пониската Земјина орбита, постојано разменуваат сигнали, испраќајќи ги на станици на матичната планета. Тие се најдоа во пониска орбита од геостационираните комуникациски сателити, така што нивното функционирање не треба да влијае.

„Спејс Х“ сè уште се соочува со многу пречки и комплициран пат да ги исполни своите ветувања, при што првата е подготовка и започнување на дополнителни мисии на „Старлинк“ за време на ерата на коронавирусот. Крајната цел е да се обезбеди супер брз интернет по добра цена за сите граѓани во светот, што ќе биде особено корисно за оние кои или немаат интернет-врска или се многу сиромашни.

Поврзани вести

Колку вреди денеска Zoom?

Влатко Зорба

Банкарски гигант изгуби 200 милиони долари за само еден ден!

Stefanija Kuzmanovska

Huawei ќе гради 5G фабрика во Европа

Влатко Зорба

Huawei ќе произведува 5G опрема во Европа

Влатко Зорба

Што е цел на мерката „Викенд без ДДВ“?

Влатко Зорба

Фондот одлучи: Објавени имињата на четирите банки преку кои ќе се обесштетат депонентите на Еуростандард банка

Никола Поповски