СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Закерберг ги потврди пропустите на „Фејсбук“ за време на претседателските избори во САД во 2016-та

Извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, призна денес дека социјалната мрежа доцни во својата реакција на мешањето во претседателските избори во САД во 2016 година и изрази уверување дека е можно да се „заштити интегритетот“ на следните избори во Соединетите држави.

Како и Твитер, „Фејсбук“ беше жестоко критикуван за неуспехот во големите кампањи за дезинформации во 2016 година, вклучувајќи ја и американската претседателска кампања.

Признавајќи дека „Фејсбук“ „зариба“ за време на последната претседателска кампања во САД, Закерберг во интервју за Би-Би-Си посочи дека спречувањето мешање на изборите претставува „трка за вооружување“ против земји како Русија, Иран или Кина.

„Земјите ќе продолжат да се обидуваат да се мешаат и ќе имаме вакви проблеми, но научивме многу од 2016 година и убеден сум дека ќе можеме да го заштитиме интегритетот на следните избори, што ќе се одржат на 3 ноември“, рече тој.

Во истото интервју, Закерберг рече дека за време на пандемијата на коронавирус, „Фејсбук работел на отстранување на лажни вести, овозможувајќи им на луѓето да бидат во контакт со своите роднини и да им помагаат на малите бизниси.

Поврзани вести

Над 187.000 граѓани потрошиле 10.7 милиони евра со домашните платежни картички

msp-admin

ОРМ: Уредбите од новите економски мерки да бидат усогласени со бизнисот

msp-admin

Туристичките водичи останаа без приходи и помош

msp-admin