СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Расте интересот на македонските граѓани за купување на електрични возила

Заинтересираност за купување на електрични возила секако дека има, и интересот е во постојан пораст, велат за „Локално“ од „Порше Македонија“, компанија која ги застапува автомобилските брендови Фолксваген, Ауди, Шкода, СЕАТ, Порше и Фолксваген комерцијалните возила.

Оттаму наведуваат дека во многу блиска иднина следува претставувањето и официјалното лансирање со продажба на македонскиот пазар на целосно електричниот Volkswagen ID.3, модел за кој, како што велат, има голем интерес.

„Стратегијата на брендот Пежо е до 2025 година да произведе за секој модел во гамата електрифициран модел од истиот, а и Опел брендот е насочен кон иднината. Веќе се произведени и лансирани повеќе модели. Сега клиентот може да избере помеѓу бензин, дизел или електрична верзија. На што сме особено задоволни“, изјавија од „Пежо Македонија“.

Додадоа дека не треба да се занемарат предностите кои ги носи електрификацијата.

„Затоа решивме не само да донесеме електрично возило туку и да го регистрираме како тест возило, со цел да бидеме доследни кон нашите клиенти. Па така Новиот Peugeot е-208 во моментов е на располагање на клиентите“, истакнаа од компанијата.

Расте интересот на македонските граѓани за купување на електрични возила

„Заинтересираност за купување на електрични возила секако дека има и интересот е во постојан пораст. Веќе одамна неколку компании во својата флота на возила ги имаат вклучено електричните Volkswagen e-Golf и e-Up, додека интересот кај клиентите се уште е задржан кај plug-in хибридните модели кои ги нудиме од нашите брендови“, наведоа од „Порше Македонија“.

И од „Пежо Македонија“ се согласни дека интерес има од самиот почеток.

„Интерес има од самиот старт. Со лансирањето на Новиот е-208 на македонскиот пазар, инетресот веднаш се покажа. Сепак тоа е првото 100% електрично возило со автономија до 340 км и комфор идентичен како во верзиите со внатрешно согорување, кое е донесено на нашиот пазар и се очекуваше да пројави интерес. Голем дел и од автомобилските медиуми се ангажираат во промовирањето на електирифкацијата на нашиот пазар и лобирање до државаните органи за субвенционирање на овие возила. Интерес имаме и од потенцијалните клиенти и јавноста. Електрифицираните возила се со повисока цена на чинење, како што знаете, но исто така станунва збор за нова технологија. Истовремено со 0 емисија на CO2“, велат оттаму.

Сметаат дека со поголема инволвираност на државата во субвенционирање и поддржување на електрификацијата на возилата реализациите ќе бидат поголеми и истакнуваат дека „Пежо Македонија“ е тука „за да помагаме во едуцирањето на јавноста“.

Се планира поголема понуда за граѓаните во однос на е-возилата

„Во многу блиска иднина следува претставувањето и официјалното лансирање со продажба на македонскиот пазар на целосно електричниот Volkswagen ID.3, модел за кој интересот можеме да кажеме дека е одличен“, додадоа од „Порше Македонија“.

Компанијата инвестира во електричната мобилност со поставување на 12 полначи низ државата, додека тековно се инсталираат и полначи во рамките на нивните продажни салони.

„Стратегијата на брендот Пежо е до 2025 година да произведе за секој модел во гамата електрифициран модел од истиот, а и Опел брендот е насочен кон иднината. Веќе се произведени и лансирани повеќе модели. Оваа стратегија беше донесена со цел да им се обезбеди на клиентите можност на избор или #PowerOfChoice. Сега клиентот може да избере помеѓу бензин, дизел или електрична верзија. На што сме особено задоволни. При тоа да не ги занемариме предностите кои ги носи електрификацијата. Будење на еколошката свест, борба против загадувањето и лесното одржување на возилото, се елементите за кои како компанија се залагаме“, информираат од „Пежо Македонија“.

Оваа компанија одлучи не само да донесе електрично возило, туку и да го регистрира како тест возило, со цел да биде доследна кон нејзините клиенти.

„Сосема е поинаку кога ќе можете да го пробате моторот и да видите кои можности ги нуди, кои се разликите помеѓу електричен мотор и мотор со внатрешно согорување како и едуцирањето на клиентот при тест возењето – што значи да се користи електрично возило. Па така Новиот Peugeot е-208 во моментов е на располагање на клиентите“, изјавија оттаму.

Во 2020 година во Македонија увезени 63 електрични автомобили

Според царинската управа на Република Македонија, во 2020 година во државава биле увезени 63 електрични автомобили.

Меѓу топ три испраќачи на е-автомобили во Македонија се ЈОНУЗЗИ ОТОР ТРАДИНГ ЦО ЛИМИТЕД (46 автомобили), ЧОНГКВИНГ СОКОН МОТОР ГРУП (4 автомобили) и ZHEJIANG JONWAY MOTORCYCLE (4 автомобили). Останатите се со по еден автомобил.

Се уште нема субвенции за граѓаните за набавка на електрични возила

Не постојат субвенции за граѓаните за набавка на електрични или хибридни возила во државниот буџет за 2021 година.

Иако во 2018 година со Програмата за субвенционирање на купување на нови електрични возила, се предвидуваа субвенции од 5.000 евра во денарска противвредност за набавка на електрични возила, Законот за возила е се уште во Собрание.

ЕВН, во соработка со општините изгради сериозна електрична инфраструктура низ целата држава. Во рамки на проектот за развој на електромобилноста, ЕВН постави над 40 станици за полнење на електрични возила во 17 градови во Македонија. Во Скопје, поставени се повеќе полначи кои покрај на јавни површини, достапни се и во фреквентни приватни објекти како хотели, шопинг центри и слично, се наведува на веб страницата на ЕВН.

ЕВН во првата фаза на проектот инсталира полначи од моделот Wallbe Pro со моќност од 22 kW со можност за полнење на едно возило, и полначи со моќност од 2×22 kW од моделот Wallbe Pro Plus со можност две возила истовремено да вршат полнење. Сите полначи се од германско производство и од Тип 2.

Заинтересираните сопственици на електрични возила за да ги користат полначите најпрво треба да се пријават за електронска картичка, додека користењето на електричните полначите во период од една година е бесплатно за сите корисници.

Центарот за климатски промени спроведе истражување, со експертски тим предводен од проф. д-р Дејан Мираковски, за влијанието на сообраќајот врз загадувањето на воздухот во Скопје, при што за да се споредат 2019 и 2020 година се спроведе анализа на три временски периоди од добиените резултати од мерните станици во Скопје. Резултатите покажаа дека во периодот кога е ограничено движењето во главниот град, во периодот од 18 март до 26 мај 2020, помалку азотен двооксид (NO2) и ПМ-2.5 честички биле испуштени во воздухот во Скопје во споредба со истиот период од 2019 година.

Европа се повеќе вози „на батерии“

По големиот пад на продажбата на автомобили во Европа, предизвикан од пандемијата на коронавирусот во 2020 година, се забележуваат големи промени на европскиот пазар.

Така, во текот на февруари, на европскиот пазар беа продадени 115.000 електрични возила (ЕВ) и плаг-ин хибриди (PHEV), што претставува учество од 13,6 проценти, се вели во извештајот од изминатава недела на британската аналитичка куќа „JATO Dynamics“. Само една година порано, учеството на овие возила во вкупната продажба беше само 6,5 проценти.

Меѓу компаниите кои постигнаа резултати над просекот во индустријата беа Hyundai (16%), BMW (24%), Daimler (27%), Jaguar Land Rover (31%) и кинески Geely (45%). Како што се очекуваше, Tesla Motors беше на врвот со 100% учество на електрифицирани возила во продажбата.

Овие податоци покажуваат дека, меѓу традиционалните производители, Jaguar Land Rover отишол најдалеку во електрификацијата на своите возила.

Најпродаван електричен автомобил на европскиот пазар е Tesla Model 3, со продадени 5.400 единици и удел на пазарот до 55 проценти.

Второто место му припадна на Volkswagen ID.3 со 3.557 регистрирани единици, додека третото му припадна на Renault Zoe, со 10 продадени единици помалку, но и со пад од 45 проценти.

С.К.

Поврзани вести

КАРГОМАКС доби тендер од над 3,2 милиони евра за набавка возила за ЈП Комунална хигиена Скопје

Влатко Зорба

Слободни 5.000 работни места, се бараат работници и во време на епидемијата од коронавирусот

Берта Китинска

Азески: Ако конечно не завладее правото, бизнисот ќе регистрира компании во Прешево, Сандански, Солун…

Никола Поповски