СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ССМ: Минималната плата да порасне на 60% од просечната

Просечната плата во Македонија покрива околу 70% од синдикалната минимална кошничка. Ако се земе во предвид дека синдикалната минимална кошничка за јануари 2021 година изнесува 33.650 од кои само за храна и пијалоци треба да се издвојат најмалку 14 000 денари, произлегува дека работник кој работи за минимална плата заработува само за леб и за вода, а доколку 2 работници од едно семејство работат за минимална плата им недостасуваат 3.782 денари до висината на кошничката за да си ги овозможат само неопходните работи за преживување, а не и за нормален живот, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.

„Наша заложба е минималната плата да порасне на 60% од просечната плата што е всушност и европска тенденција и во сите европски држави тоа е случај“, посочуваат оттаму

ССМ системското решение веќе го обезбедиле преку колективните договори со утврдување на вредноста на трудот преку коефициенти, но во изминатиот период, велат тие, во оние компании кои не се синдикално организирани ова не се применувало и најголем број на работодавачи кои исплаќаат плата во висина на минималната плата, не исплаќаат додатоци и надоместоци на плата, туку истите ги пресметуваат во висина на минималната плата на работниците, што не е законски.

„Mора сите заедно да работиме на заздравување на економијата, а во наредниот период потребна е поголема реализација на капиталните инвестиции, како и вложување на сериозни напори за отварање на нови работни места и стимулирање на работодавачите кои ќе го прават тоа, се со една цел да не дозволиме нашите македонски работници заради чувството дека не им се вреднува трудот и заради непочитување на нивните работнички права, наместо да ја градат и развиваат македонската економија во следниот пост ковид период, да придонесуваат за развој на западно-европските држави“, додаваат од Синдикатот.

Поврзани вести

Обезбедувањето грижа и заштита на вашето здравје и имот е примарен мотив за осигурување

Влатко Зорба

Д-р Дејан Лаковски на чело на „АстраЗенека“ за БиХ и Хрватска

Влатко Зорба

ПИОМ: 1.800 пензионери во Македонија примаат пензија подолго од 40 години

Влатко Зорба