Крајниот рок за искористување на ваучерите за туризам е денес, а заклучно со вчерашниот ден од вкупно добиени 100.336 ваучери, 61.648 се искористени, а останатите некаде близу 40.000 останаа неискористени.
Платформата „Дома си е дома“, преку која се реализираше мерката ваучери за домашен туризам, ќе биде затворена за реализација на оваа мерка денес.
Хотелиерите пак, кои имаат гости коишто користат ваучери за туризам ќе треба најдоцна до 18.12.2020 година до Министерството за економија да достават фактури за плаќање, по што до крајот на годината ќе им бидат исплатени средствата од искористените ваучери.