СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Граѓаните од С. Македонија и понатаму ќе можат да патуваат во Германија за да работат

Ќе биде продолжена специјалната дозвола која овозможува пристигнување на економски мигранти од земјите на Западен Балкан во Германија. Според нацрт-одредбата, во која имала увид германската агенција ДПА, германското Министерство за труд би требало да ја продолжи т.н. Регулатива за Западен Балкан, така што ќе важи до 2023 година.

Ова значи дека граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Србија и понатаму ќе можат да патуваат во Германија за да работат, независно од нивните формални квалификации за вработување, пишува ДВ.

Годишно вкупен контингент од 25 000 луѓе од Западен Балкан е предвиден да пристигне во Германија. Министерството за труд го достави соодветниот нацрт до германската влада на усвојување.

Поврзани вести

Хрватска изгубила 5,12 милијарди евра од туризам само во еден дел од годината

Влатко Зорба

За прв пат во историјата: Жена на чело на СТО

Влатко Зорба

„Волстрит журнал“: Контраст на рекордниот кинески извоз и американската епидемија

msp-admin