СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Испораките на таблети забележаа раст во 2020 година, Apple сè уште доминантен

Претходната година беше многу добра за пазарот на таблети, кој забележа пораст на продажбата од 13,6 проценти. Испорачани се вкупно 164,1 милиони таблети, во споредба со 144,5 милиони во 2019 година, според аналитичката компанија IDC.

Apple по правило е водечка компанија кога станува збор за испорака на таблети. Компанијата испорача 19 милиони iPad-и во текот на четвртиот квартал и вкупно 53,2 милиони во текот на целата година. Samsung е далеку назад, со испорачани 10,1 милиони уреди Galaxy Tab во четвртиот квартал (скоро 45% повеќе од истиот период во 2019 година).

И покрај санкциите во САД, Huawei забележа солидни резултати во 2020 година и се најде на третото место кај продавачите на таблети. Компанијата испорача 16 милиони таблети минатата година, со помал пораст во споредба со 2019 година. Lenovo е на четвртото место со испорачани 14,1 милиони таблети.

Поврзани вести

Источноевропејците ја напуштаат Британија месеци пред „Брегзит“ (инфографик)

Влатко Зорба

Најавено осмото издание на конференцијата AllWeb

msp-admin

Доларот на најниско ниво во последниве 2 години

msp-admin