20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Колку чини сметката на Трамп на Twitter?

По еден од најмрачните денови на демократија во Соединетите држави, Twitter и другите социјални мрежи одлучија да го прекинат пристапот на претседателот Доналд Трамп за да се спречат слични епизоди и ново поттикнување на насилство. Но, какви приходи донесе присуството на Трамп по 57.000 твитови и скоро 89 милиони следбеници?

Twitter ја објави својата одлука во петокот вечерта, по завршувањето на трговијата на пазарите. Тогаш акциите на компанијата паднаа за 6%, бришејќи 2,5 милијарди долари од пазарната капитализација на компанијата. Таквиот пад е во согласност со проценката од 2017 година дека Трамп генерирал 2 милијарди долари за Twitter, привлекувајќи нови корисници кои, исто така, гледаат реклами додека читаат што зборува шефот на државата.

Во понеделникот, акциите потонаа дополнително и во еден момент падот достигна 11%. Подоцна, хартиите од вредност закрепнаа малку и се затворија со пад од 6%. Така, во понеделникот Twitter имаше пазарна капитализација од 38,319 милијарди долари, во споредба со 40,944 милијарди долари во петокот – или пад од 2,625 милијарди долари.

Аналитичарот Мек Шмулик од AllianceBernstein смета дека реакцијата на пазарите е прекумерна.

„Повеќето огласувачи не би допреле ништо поврзано со Трамп“, рече тој.

Ваква беше ситуацијата дури и пред насилството во Капитол, каде петмина го загубија животот. Шмулик и другите набудувачи дури велат дека забраната може да влијае позитивно на Twitter на долг рок, откако се повеќе огласувачи можат да се свртат кон платформата.

Во четвртокот, Facebook, исто така, го „протера“ Трамп, барем до крајот на неговиот мандат. Акциите паднаа за 4%.

Поврзани вести

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

msp-admin

Што се случи со компанијата, која воведе минимална плата од 70.000 долари пред 5 години?

msp-admin

Гејтс: Кој и да има отворен систем, ќе биде во огромна предност

msp-admin