Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ објави дека се откажува од изградба на нова фабрика во Турција, затоа што повеќе не е потребна.
Германскиот автомобилски гигант објави дека се откажува од фабриката во Турција, поради остриот пад на побарувачката за автомобили ширум светот, предизвикан од пандемијата и дека не треба нови производствени капацитети.
Фабриката, која требаше да биде изградена во Маниса, на егејскиот брег на Турција, за 1,3 милијарди евра, требаше да произведува 300.000 VW Passats и Skoda Superb годишно од 2022 година за Источна Европа и Блискиот исток.
Проектот за изградба на фабрика во Турција предизвика спротивставување од германските синдикати и беше уште поостро критикуван и запрен минатата година, откако Турција испрати армија во Сирија.
Фолксваген најави дека ќе го реализира планираното производство на возила во постојните фабрики.