СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Шефот на Volkswagen отвори Твитер и упати „закани“ кон Маск

Првиот човек на Volkswagen, Херберт Дис, се приклучи на Twitter вчера, и во првиот твит што го објави, се обрати на својот ривал Елон Маск.

Во првиот твит, Дис ги поздрави сите луѓе, а потоа го предупреди Маск дека Volkswagen тргнува пи уделот на Tesla на пазарот и го потсети дека Volkswagen веќе добро се снаоѓа на пазарот на електрични автомобили во Европа.

Производителот на електрични автомобили Tesla е меѓу највредните светски автомобилски компании, а неговиот основач Елон Маск е меѓу најбогатите луѓе во светот.

Откако Херберт Дис стана директор на Volkswagen во 2018 година, тој се обидува да го освои пазарот на електрични автомобили со кој владее Tesla.

Во септември 2019 година, Volkswagen го претстави првиот модел кој првично беше развиен исклучиво како електричен автомобил, што означи почеток на ново поглавје во историјата на германскиот автомобилски гигант.

Групацијата Volkswagen најави 75 електрични и 60 хибридни модели до 2029 година, а во тој број се вклучени електрични возила и хибриди од нејзините други брендови.

Во автомобилската индустрија се вели дека двајцата имаат добра, пријателска врска и дека никогаш немало лоша крв меѓу нив.

Поврзани вести

Бизнис Акцелераторот УКИМ домаќин на лабораторијата за иновации на Дојче Телеком од Германија

msp-admin

Кој го купи Сава центар за 17,5 милиони евра?

msp-admin

Олеснети услови за пристап до кредитите од Развојната банка за малите и средни претпријатија

msp-admin