СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Што крие светот на технологијата? 10 факти кои е важно да ги знаете

Во областа на технологијата, промените се случуваат од ден на ден, но некои се однесуваат не само во строго деловните, туку и во социо-политички рамки.

Дури и ако не сте запознати со работата на некои компании, апликации или некои трендови, се сомневаме дека сте ги пропуштиле вестите поврзани со WhatsApp или Twitter, од претходните денови.

Еве 10 факти што во моментов се случуваат во технолошката сфера, и треба да ги знаете:

1. Тим Кук рече дека Parler може да се врати во AppStore, откако Apple го повлече од својата платформа, во екот на опсадата на Капитол.

2. Deliveroo собра 180 милиони долари за финансирање. Стартапот, поддржан од Amazon, се подготвува да излезе на берза подоцна во 2021 година.

3. Пред неколку месеци, Селена Гомез ја предупреди директорката за бизнис на Facebook, Шерил Сандберг, за дезинформациите. Ѕвездата рече дека е фрустрирана затоа што технолошките платформи не ги послушале предупредувањата по немирите во Капитол.

4. Критичарите сакаат популисти како Болсонаро и Моди да започнат социјални медиуми. Ова доаѓа откако на 8 јануари му беше забранет пристап на претседателот Доналд Трамп на Твитер.

5. Apple, Google и Spotify сè уште содржат подкасти во кои се тврди дека победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД е „измама“.

6. Дезинформациите за американските избори паднаа за 73%, по забраната на Трамп на социјалните мрежи. „Zignal Labs“ објавија дека разговорите паднале од 2,5 милиони спомнувања (mention) на 688.000.

7. WhatsApp вели да не се грижите за споделување на податоци со Facebook, но експертите велат дека треба да се свртите кон апликацијата Signal.

8. Бека Луис од медиумите изјавува дека забраната на Трамп на социјалните мрежи не е цензура. „Тоа беше серија уреднички одлуки на медиумски компании, кои себе си се нарекуваат социјални платформи.

9. Силиконската долина го казни Трамп на 48 часа.

10. Некои експерти го проценуваат спојувањето на Fitbit и Google како „злобен договор“ од 2,1 милијарди долари. Тие стравуваат дека Google може да користи здравствени податоци за корисниците за други деловни сегменти.

Поврзани вести

Заштедила 28.000 евра за една година, следејќи 5 правила

msp-admin

Приходот на Apple од реклами може да достигне 11 милијарди долари во 2025 година

msp-admin

Бонусот на шефот на Apple значително се намалува

msp-admin