СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Темелковски: Политичарите успеаа да инфилтрираат партиски војници во бизнис односите меѓу Македонија и Бугарија

Стопанствениците ја нудат својата помош за решавање на македонско бугарскиот спор. Почесниот претседател на македонско-бугарската стопанска комора, Зоре Темелковски, смета дека во преговорите треба да бидат вклучени бизнис експерти и претставници од комората кои имаат долгогодишно познавање и партнерство со Бугарија.

-За жал на Балканот политиката и бизнисот се сеуште тесно поврзани и затоа во неколку наврати потенцирав дека е слабост што во самата преговарачка мисија нема преставници на комората, зошто тие стопанственици може само да ги зајакнат односите и да допринесат во преговарачкиот процес, вели тој.

Доколку несогласувањата не се решат во скоро време, Темелковски не очекува промени во делот на најавените инвестиции но негативните ефекти вели ќе бидат неизбежни.

– Нормално како стопанственици ја подржуваме секоја одлука за инвестиција во капитални проекти и секое понатамошно вложување само ќе допринесе на што поголема и поефективна трговска размена. Во однос на дијалогот, нормално дека секое влошување во реториката негативно ќе влијае на бизнисот и на бизнис климата, но се надевам дека до тоа нема да дојде, смета Темелковски.

Причина зошто не се реализира планираната трговска размена од една милијарда евра, Темелковски ја лоцира во политичарите кои како што вели само ветуваат дека ќе се затворат сите отворени прашања,но без видливи резултати.

-Политичарите успеаа да инфилтрираат нивни партиски војници во бизнис односите меѓу двете држави, а со тоа ги потценија можностите и капацитетите на бизнисмените, организирани во своите коморски здружувања. Тоа ќе мора оваа влада брзо да го отстрани и да се врати на патот за соработка, да учествуваат бизнис заедниците од двете страни, за да може да имаме брз проток на капиталот, изјави почесниот претседател на македонско-бугарската стопанска комора.

Темелковски потенцира дека во бугарските компании во Р.С. Македонија и во македонските компаниите во Бугарија работат млади кадри кои воопшто не разговараат за ставовите на Каракачанов, Захариева, на Димитров и ред други политичари.Политиката треба да се држи настрана од бизнисот, да го слуша гласот на бизнисот и да реализира капитални проекти.Само таквиот однос според него,ќе даде брзи резултати без никакви конфликтни ситуации.

К.В.С.

Поврзани вести

McAfee размислува за спојување со поранешниот Symantec

msp-admin

Новиот шеф на Intel: Не може Apple да прави подобри чипови од нас

Влатко Зорба

Авиокомпаниите, кои најмногу летаат во Европа

msp-admin